Имаме влада каква што светот нема видено.
Какви слепци се тие!
Каква светлост, каков неутрино.
Кај нас темнината е најбрза.
Ова каде што одиме, не води никаде.
Ама барем долго ќе трае.
Ги пуштивме гулабите на мирот.
Барем тие нека се спасат.
Власта не го промени.
Остана свиња каква што си беше.
Кај нас странскиот капитал ќе дојде кога ќе си одат феудалците.
Не обработуваме суровини.
Суровините нé обработуваат нас.
Лупиме грав наместо банани.
Ние сме посебна сорта на мајмуни.
Мајмунот на наjвисоката гранка никогаш пред себе не поставува повисока цел.
Направија слепци од нас.
Сега, секој пат ни е добар.
Превео на македонски Васил Толевски