Интервју за „надреални“ ситуации

Горан Радосављевиќ е српски афористичар и автор кој активно се занимава со творештво уште од првата половина на 90-тите години од минатиот век. Роден е 1969 година во Белград. Во рамки на својата творечка дејност има издадено една книга Хлеба и цигара (УБСС Јеж, 2011). Во повеќе изданија на книги е застапен со свои дела. Како уредник се јавува во изданијата Афотека 1 (2012) и Афотека 2 (2013) во издание на „Артија“ од Парачин. Особено е активен на социјалните мрежи во рамки на facebook групата „Лига духовитих“ и како администратор на сајтот „Лига духовитих“. Добитник е на наградата „Златна кацига за афоризам“ во рамки на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира во Крушевац во 2012 година.

1.DelcevoGlobalOnline: Како е да се живее со и во лигата на духовити?

Убаво. Фантастично кафуле на виртуелен свет, чии врати се ширум отворени,, со прекрасни, избрани, духовити луѓе. Одлично место каде со само еден клик можеш да побегнеш од суровата стварност. Работи 24 часа, 365 дена во годината.

2.DelcevoGlobalOnline: Може ли да се живее од духовитост на овој наш Балкан?

Не. Додека си жив.

3.DelcevoGlobalOnline: Има ли лоши денови за еден сатиричар?

За жал нема. Најдобро за сите, а најлошо за сатиричарите ќе биде кога не ќе мораат повеќе да пишуваат.

4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнал на нудистичка плажа?

Без јапонки.

5.DelcevoGlobalOnline: Што би му поклониле на Берлускони, три килограми банани или пак вијагра?

И банани, но и вијагра. Нека јаде и нека се е… Срам да вие! Па какво е ова прашање?

6.DelcevoGlobalOnline: Кое животно наместо змијата би поставиле помеѓу Адам и Ева?

Еж. да. Дефинитивно еж.

Горан Радосављевић7.DelcevoGlobalOnline: На пусто острово сте со Ана Ивановиќ каква порака ќе ставите во шишето?

Има ли некој расположен за дубул? Оваа игра еден на еден со Ана почна да ми здосадува.

8.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека човекот постанал од мајмун?

Да. Но кога велам од мајмун не мислам на сите.

9.DelcevoGlobalOnline: Омилена брачна должност?

Средување на станот зашто тогаш не работам.Времето ги става работите на свое место.

10.DelcevoGlobalOnline: Што мислите за мажите што ѕиркааат под брачниот кревет?

Лудаци. Јас секогаш се кријам во шифоњерот!

11.DelcevoGlobalOnline: Под чиј брачен кревет би се сокриле? На Ријана или пак Мадона?

Ја сум двојна личност. Се надевам, јасен ви е одговорот.

12.DelcevoGlobalOnline: Кога би ги одредувале ставките во буџетот, дали би ставиле ставка з изградба на јавни куќи?

Задолжително! Така барем би знаеле кој кого…А што е доста важно ќе се знае и каде.

13.DelcevoGlobalOnline: Каков доручек би и зготвиле на Кетрин Ештон?

Тутун џимиринка. Или уште подобро џимиринка. Голема ваљевска. Па нека ја пуши ако не знае како се јаде.

14.DelcevoGlobalOnline: А што би сакале таа вам да ви зготви?
Гулаб “прелетач“ фино обработен. Тоа уште не сум го пробал.

15.DelcevoGlobalOnline: Ќе ја победиме ли белата чума?

За да ја победиме мора да воведеме драстични мерки. Предлагам поттикнување: 90-60-90.

16.DelcevoGlobalOnline: Надзорник во харем или афоризам на годината во лига на духовитите?

Афоризам на годината. Не сум луд да бидам евнух.

17.DelcevoGlobalOnline: Дали би ви сметало седниците на парламентот да се одржуваат на нудистичка плажа?

Не, на Ада Циганлија ретко одам. Колку што знам друга нудистичка плажа немаме, а немам ништо против да се одржуваат во странство. Кога некогаш се одржувале во Ница, зашто не и сега? Во секој случај подалеку од нас!

18.DelcevoGlobalOnline: Има ли разлика помеѓу човекојадците и политичарите?

Гомно од човек е исто така гомно од човекојадец. Ја приметувате ли разликата.

19 DelcevoGlobalOnline: Кога пишувате еротски афоризми кој дел од женското тело ви е најинспиртативен?

За тоа би ви зборувал до утре. За тоа ви ги препорачувам моите афоризми.

Горан Радосављевић20.DelcevoGlobalOnline: Која историска лиќност под казна би ја донеле денес да живее на Балканот?

Колумбо, па нека заедно со нас ги плаќа последиците на својата радозналост.

21.DelcevoGlobalOnline: Колку политичари по глава на жител може да издржи овој народ.?

За вас македонците не знам, а кај нас вака стојат работите: двајца Срби три партии. Нас подобро ќе е да не прашате: Како издржувате сами со себе?

22.DelcevoGlobalOnline: Работа која никогаш не би ја прифатиле?

Не би сакал да работам како хирург и да им го менувам полот на постари мажи. Зашто некого да унесреќам со две две баби.

23.DelcevoGlobalOnline: Грешка која со радост би ја повториле?

На грешките учев. Би ги поновил сите.

24.DelcevoGlobalOnline: Пред кого повеќе се крстите? Пред поповите или пред политичарите?

Се крстам и со левата и со десната. Зависи кој каде стои.

25.DelcevoGlobalOnline: Аладинова ламба или пак златна рипка?

Ламбата затоа што има дух.

26 DelcevoGlobalOnline: Што би избришале, а што би додале во вашата биографија?

Би го избришал “био“ и “афија“. Нека остане само “ГР“ ( Горан Радосављевиќ).

27.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?

Толку многу да секој од вас земе барем по една жена.Можеби звучам како уморен паша, ама верувајте оваа реченица подобро звучи кога ќе ја отпеам. Не можам баш како Сафет Исовиќ ама… Верувајте ми на збор.

28.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во реинкарнација?

Да. Душите се бесмртни затоа што глупоста е неуништива. Благодарение на тоа привлекуваме лоша карма и пак се враќаме во живот. На овие простпри повеќето како овци. Ја немаме сите среќата на Ким Ланге ( Лоша карма – Давид Зафир) за да на овој земјин глобус се вртиме како мравки.

29.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека сите жени се исти?

Сите се исти. Нема за што да се клонираат.

30.DelcevoGlobalOnline: Омилена изрека, афоризам…

Овие денови омилен афоризам ми е на мојот другар Раша Папеш “Каде ќе запалам тука е моето огниште!“

Прашањата ги подготви нашиот дежурен афористичар.

Графичките обработки користени во оваа статија се превземени од фејсбук профилот на Горан Радосављевиќ.

Преузето са сајта http://delcevo.org.mk

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Ово веб место користи Акисмет како би смањило непожељне. Сазнајте како се ваши коментари обрађују.